Додека пратениците расправаа за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, на својот Фејсбук-профил се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На објавеното „селфи“ со Мизрахи, Мицкоски напиша: „Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка МАКЕДОНИЈА!“

Мизрахи беше разрешена во раните утрински часови во Собранието со 62 гласа “за“ и “26“ против. Премиерот Оливер Спаасовски, кој побара разрешување на Мизрахи откако таа неколку пати излезе на прес-конференции пред таблата со старото државно име, од собраниската говорница ја повика опозицијата да номинира нов кандидат за министер во техничката влада.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ не го направи тоа, со Министерството за труд и социјална политика до изборите ќе раководи сегашната дополнителна заменик-министерка, предложена од СДСМ, Санела Шкријељ.