Мицкоски ова го изјави коментирајќи го постигнатиот договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за финансирање на изградбата на пречисителната станица во Скопје – проект кој беше причина за разидувањето на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, откако таа во септември лани го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ од редовите на оваа партија, кого го обвини за несоодветно постапување во тендерската постапка на проектот
Во договорот за пречистителната станица кој сега е потпишан, вели Мицкоски, нема ниту запирка сменето од тогашниот договор кој беше оспорен од скопската градоначалничка и затоа, како што рече, Арсовска му должи извинување нему и на луѓето благодарение на кои таа стигнала до градоначалничката функција
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се чувствува засрамено што во животот имал можност да ја запознае актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовска, која како независен кандидат на локалните избори во 2021 година ја имаше неговата и поддршката од опозициската партија.

Мицкоски ова го изјави коментирајќи го постигнатиот договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за финансирање на изградбата на пречисителната станица во Скопје – проект кој беше причина за разидувањето на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, откако таа во септември лани го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ од редовите на оваа партија, кого го обвини за несоодветно постапување во тендерската постапка на проектот.
Во договорот за пречистителната станица кој сега е потпишан, вели Мицкоски, нема ниту запирка сменето од тогашниот договор кој беше оспорен од скопската градоначалничка.
„Понекогаш човек и се срами за тоа што го гледа. Јас навистина се чувствувам засрамено што воопшто имав можност во животот да запознам една таква личност и во овој момент можам само да кажам дека и таа и СДСМ им должат на скопјани едно големо извинување“,
рече опозицискиот лидер одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Илинден.
Рече дека Арсовска треба да се извини за клеветите упатени кон него, кон ВМРО-ДПМНЕ и кон луѓето што работеле на тоа таа да биде градоначалничка, а СДСМ да се извини што во екот на најголемата криза трошел народни пари на билборди со кои го клеветеле и навредувале.
Опозицискиот лидер говори за билбордите кои во септември лани осамнаа на неколку локации во Скопје по кавгата на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.
Порано или подоцна, вели Мицкоски, вистината излегува на виделина, како во овој случај.
„Ќе видите понатаму, допрва ќе бидете подготвени за многу непријатни изненадувања за нив“,
додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред два дена беше потпишан грантот од 70 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за финансирање на изведбата на пречистителната станица во Скопје. Потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, тогаш кажа дека тендерската постапка за проектот била чиста и без какви било пропусти.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска, пак, од друга страна, тврди дека евентуалните пропусти во процесот на јавна набавка за пречистителната станица биле спречени поради нејзиното навремено дејствување.
Пречистителната станица беше предмет на големи контроверзии откако минатата година Арсовска го разреши директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински, кого го обвини за самоволие и несоодветно постапување во тендерската постапка за изведба на проектот.
По разрешувањето на Перински, инаку кадар на ВМРО-ДПМНЕ, следуваа разрешувања на директори и други функционери, смени во комисијата која треба да одлучи кој ќе ја гради пречистителната станица, а тоа беше и почеток на „расколот“ меѓу Арсовска и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.