Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ Сител излезе со своја пресметка за покачувањето на цената на струјата. Според него, тоа покачување ќе се движи меѓу 17 и 18 проценти.
„Со новиот тарифен модел граѓаните ќе бидат на два пати оштетени, еднаш директно преку плаќање на сметките и вториот пат преки буџетот, бидејќи повторно ќе треба меѓу 150 и 200 милиони евра да има дотации од централниот буџетот до ЕЛЕМ. Читам дека лиферуваат со покачување од 7,4 проценти и тоа е лага, подготвен сум со секого да го дебатирам тоа. Процентот ќе биде помеѓу 17 и 18, и тоа ќе го почувствуваат граѓаните во сметките. Цената на струјата која ја плаќаат домаќинствата се формира по три основи – цената која се исплаќа кон поранешно ЕЛЕМ денешно ЕСМ, потоа цената која се исплаќа кон МЕПСО за пренос и пазар и цената до дистрибутерот, а тоа е ЕВН“,
изјави Мицкоски.
Според Мицкоски, со тоа маржата се зголемува за 11,5 проценти.
„За Електрани зголемувањето е 17 проценти, за ЕВН 20,94 отсто. Со едноставна математика добивате зголемување од 17 до 18 проценти, или поточно 17,7 проценти“,
рече Мицкоски.