Средбата меѓу Мицкоски и Сијарто се случила утрово пред почетокот на Министерскиот самит на ОБСЕ. Ова засега е единствена средба на некој од европските министри, кои учествуваат на самитот, да се сретне со партиски претставници од земјава
Македонија е предолго надвор од ЕУ, меѓу другото и поради неразумни билатерални пречки, со што сериозно се разнишува и кредибилноста на самиот интегрирачки процес и со право се зголемува чувството за двојни аршини кога станува збор за стратешките евроинтегративни процеси, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.
Средбата меѓу Мицкоски и Сијарто се случила утрово пред почетокот на Министерскиот самит на ОБСЕ. Ова засега е единствена средба на некој од европските министри, кои учествуваат на самитот, да се сретнат со партиски претставници од земјава.
На средбата заедно со Мицкоски присуствувале и потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.
„Македонија со сите свои недостатоци во поглед на реформи и политики, сепак споредено со други држави кои се веќе членки на Европската Унија, заслужува напредок кон остварување на оваа неспорна стратешка цел, членство во Европската Унија,
посочил Мицкоски.
Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Македонија, како што се економската криза, растечката сиромаштија, скапите цени и инфлацијата, како и недостатокот на инвестиции и реформи.
„Двајцата соговорници ги потврдија исклучително добрите односи кои ВМРО-ДПМНЕ ги има со унгарската Влада и Мицкоски се заблагодари на поддршката која Македонија ја има од пријателска Унгарија“,
се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.