Она што е значајно и што би требало да се разговара на таа средба, според лидерот на најголемата опозициска партија, е што по неуспехот на уставните измени, затоа што, додава тој, сè поизвесно е дека тие нема да се случат бидејќи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги поддржат
Од друга страна, премиерот Ковачевски вчера во интервју за ТВ Канал 5 рече дека од неговиот кабинет веќе ја испратиле поканата за лидерската средба со Мицкоски. Како и кога по првпат најави дека планира да го покани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средба, Ковачевски повтори дека на неа на маса ќе бидат две теми – уставните измени, а друга, односите со соседите и пристапот кој треба да го имаме како држава во однос на градење добрососедство
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека до овој момент до партијата не стигнала официјална покана од премиерот Димитар Ковачевски за лидерска средба на која, според најавеното од премиерот, треба да разговараат за уставните измени во контекст на евроинтегративните процеси на земјава.

Освен што нема официјална покана, рече Мицкоски за време на денешната посета на Општина Конче, не е познат ниту дневниот ред или, пак, форматот на евентуалната средба.
Она што е значајно и што би требало да се разговара на таа средба, според лидерот на најголемата опозициска партија, е што по неуспехот на уставните измени, затоа што, додава тој, сè поизвесно е дека тие нема да се случат бидејќи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги поддржат.
„Она коешто е значајно да се каже е дека до овој момент, ние официјална покана од страна на Димитар Ковачевски, како политичка партија, немаме. Ниту пак имаме дневен ред според кој ќе се разговара, ниту пак имаме предлог формат, официјално, којшто би бил таму на таа лидерска средба. Она коешто е значајно да се каже, е што доколку уставните измени, којшто ги предвидува владата на ДУИ поддржана од СДСМ, не поминат. Тоа е многу важно да се каже и треба да видиме каков е планот понатаму, бидејќи ние не можеме да ја заклучиме државата, не можеме да ја заклучиме Македонија и да не знаеме што доколку не успеат. А, сè поверојатно е дека тие нема да успеат. Ако веќе ги најавуваат дека ќе влезат во собраниска процедура, тоа е едниот дел од планот, но доколку не успеат, а сè поизвесно е дека нема да успеат бидејќи ние, како коалиција, како ВМРО-ДПМНЕ, нашата пратеничка група нема да ги поддржи. Што правиме понатаму? Мислам дека и за тоа треба да се разговара, но претходно да почекаме, да видиме кој би бил форматот, каде би било местото, времето, денот. Практично, немаме ништо освен изјави на Димитар Ковачевски во јавноста“,
кажа Мицкоски.
На оваа тема тој говореше и на вчерашната партиска трибина во Кавадарци, каде што рече дека не е коректно што уставните измени патуваат кон Собранието, а премиерот бара лидерска средба. Тоа, според него, е неискрена желба за состанок и за вистински договор.
Од друга страна, премиерот Ковачевски вчера во интервју за ТВ Канал 5 рече дека од неговиот кабинет веќе ја испратиле поканата за лидерската средба со Мицкоски. Како и кога по првпат најави дека планира да го покани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средба, Ковачевски повтори дека на неа на маса ќе бидат две теми – уставните измени, а друга, односите со соседите и пристапот кој треба да го имаме како држава во однос на градење добрососедство.
Прашан што доколку не успеат уставните измени, Ковачевски потенцира дека во таков случај ќе следува изолација на земјата.
„Доколку не успеат уставните измени за коишто тие (ВМРО-ДПМНЕ) се залагаат, ние ја гледавме таа ситуација од 2006 до 2016 година, тоа е изолација. Тука не треба да сте некој којшто ќе треба да измисли нешто за да знаете постигнавте. Што после тоа, ние го видовме од 2006 до 2016 година кога државата ниту еден милиметар не напредуваше во своите евроатлантски интеграции, кога државата беше изолирана, кога државата беше оквалификувана како заробена држава, кога според слободата на медиумите бевме 130. во светот, а сега сме 38. во светот, кога владеењето на правото беше тотално нарушено. Кога, ако ги погледнете рангирањата и на ‘Економист’ и на ‘Фридом хаус’ и на сите други релевантни меѓународни институции, бевме на дното“,
рече Ковачевски.