Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го помина вториот ден од Новата година искачувајќи се на врвот Петлец, кој се наоѓа на надморска височина од 1 352 метри. Тој е оддалечен 12 километри од Берово и се наоѓа во близина на Русиново.
На ова место, во 1906 година згасна животот на Даме Груев, еден од најголемите македонски револуционери.
Мицкоски, во својата објава на Фејсбук поткрепена со неколку фотографии, потсетува на делото на Груев кој е еден од основачите и идеолозите на ВМРО Дамјан Груев.

„Неговата борба е наш долг, за кого, ако не за Македонија и нашата заедничка иднина како Македонци, како граѓани на нашата татковина“,
пишува Мицкоски во постот објавен на Фејсбук.
