Опозицискиот лидер му забележува на премиерот за повеќечасовен молк по изјавата на шефицата на бугарската дипломатија
Премиерот Зоран Заев не прави ништо за да ја застапува “нашата вистина“, коментира опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на Фејсбук, по последната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, која во врска со релациите со С Македонија, забележа дека нашата земја треба да ја признае „историската вистина“, односно дека македонските јазик и идентитет имаат бугарски корени.
Според Мицкоски, тоа не е вистина, туку политика, затоа што вистината е, како што вели, дека Гоце Делчев е Македонец, а македонскиот идентитет е наша посебност на која имаме исконско право.
Захариева, во изјава за Ројтерс, нагласи дека Бугарија не го оспорува правото на самоопределување на С Македонија, ама земјава треба да ја признае „историската вистина“.
„Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на С Македионија кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши“,
изјави Захариева.