Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува во кампањата за изборите за советници на Советот во Општина Тетово, граѓаните да кажат гласно „не“ на политиките на Владата на СДСМ и ДУИ, а да гласаат „за“ ново, модерно и современо Тетово, и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, преводена од Ангел Карапетров
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ја коментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој денеска изјави дека е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум кој треба да биде изјаснување за како што рече, против зачленувањето во ЕУ, лидерот на опозициската партија кажа дека само нелигитимен премиер којшто е поставен на начин на којшто е поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен
На првиот ден од кампањата за вонредните избори за советници во Советот на Општина Тетово, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека очекува во оваа кампања граѓаните да кажат гласно „не“ на политиките на Владата на СДСМ и ДУИ.
Тој во изјава за медиумите попладнево истакна дека очекува листата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Ангел Карапетров да освои повеќе советници од бројката до сега.
„Очекуваме бројот на гласови да биде поголем, иако периодот кој што е сега е навистина предизвикувачки поради годишните одмори коишто ги користат нашите сограѓани. Но, мислам дека мобилизацијата ќе биде на високо ниво и ценам дека граѓаните овде во Тетово на овие избори и ќе гласаат ‘не’ односно ќе гласаат против коалицијата на СДСМ и ДУИ. А, ќе гласаат ‘за’ ново, модерно и современо Тетово, и нормално ќе гласаат за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, преводена од Ангел Карапетров“,
истакна Мицкоски.
Тој додаде оти е убеден дека тоа ќе биде листата која што ќе направи многу за тетовчани, и дека тоа е листата која што, како што кажа, ќе треба да покаже еден обединувачки карактер. Само на тој начин, додаде Мицкоски, нивните права ќе можат да бидат презентирани и репрезентирани од страна на преставници во Општина Тетово на ниво кое што тие очекуваат.
„Свесен сум дека ќе постојат и други кои што ќе сакаат да го фрагментираат гласачкото тело овде во Тетово, но убеден сум дека граѓаните ќе бидат над таа ситуација, ќе го препознаат квалитетот и ќе го дадат својот глас за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ“,
истакна тој.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ја коментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски кој денеска изјави дека е нерелевантно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум кој треба да биде изјаснување за како што рече, против зачленувањето во ЕУ, лидерот на опозициската партија кажа дека само нелигитимен премиер којшто е поставен на начин на којшто е поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен.
„Само нелигитимен премиер којшто е поставен на начин на којшто е така поставен може гласот на народот да го смета за нерелевантен. А, колку е тој релевантен ќе види на 20 август овде во Тетово кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл од граѓаните на Тетово. А, на следните предвремени парламентарни избори тој лично и неговите политики како нелигитимен премиер ќе доживеат дебакл од страна на граѓаните на Македонија“,
истакна Мицкоски од Тетово денеска при презентирање на советничката листа на општина Тетово за претстојните избори на 20 август.
Мицкоски додаде дека нема нема што повеќе да додаде во однос на изјавата на премиерот, освен дека за дваесетина дена од денеска гласно ќе одекне народот во Тетово, а потоа и насекаде низ земјата.
„Од власта бегаа кога требаше да се соочат со своите колеги од опозицијата кога се гласаше за доверба на Владата, а бегаат и сега од соочување со граѓаните на референдум. Консултациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги прави течат, многу скоро веќе на следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараме на оваа тема, но и многу скоро од денеска јавноста ќе ги знае нашите чекори кон референдумското изјаснување“,
појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.