Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји во однос од коронавирусот, споредено со Македонија, вели лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја објавата на „Форбс“ за најбезбедните земји во време на пандемијата предизвикана од ковид-19.
„’Форбс‘ ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на коронавирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија … Македонија е оценета дека не е безбедна. Каде стоиме очајно лошо!“
, вели Мицкоски.
Во анализата објавена од „Форбс“ се земени 130 параметри, меѓу кој ефикасноста на спроведените мерки, откривањето на заразени и бројот на тестирања, ефикасноста на здравствениот систем и спремноста на владите во борба против заразата.
„Земјите прогласуваат победа, додека ние сме во фаза на капитулација во борбата против короната. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче нè доведе до катастрофални резултати. Секој ден бележиме трицифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност. Само ќе потсетам дека она што тие го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати, денес имаме трицифрени бројки на новозаразени и дупло од тогаш починати, а ни викаат дека се е нормално и лажат дека вирусот слабее“,
вели Мицкоски и додава дека бројките на „Форбс“ ги демантираат изјавите на функционерите во Владата.