Очекував тие, надлежните коишто се за оној криминален тендер за надзорот и супервизијата, денес да даваат исказ во Oбвинителство, ама очигледно дека тие имале други планови, но ќе дојде денот кога и исказ ќе дадат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Наместо на камен-темелникот на Коридорот 8, надлежните од власта денеска требаше да дадат исказ пред Јавното обвинителство.
Со ваква порака излезе денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога при денешната посета на Бутел го прашаа за свечениот настан на Владата за означување на почетокот на изградбата на автопатската делница од Коридорот 8.
„Јас очекував да тие, надлежните коишто се за оној криминален тендер за надзорот и супервизијата, денес да даваат исказ во Обвинителство, ама очигледно дека тие имале други планови, но ќе дојде денот кога и исказ ќе дадат, верувајте. Бидејќи да се потрошат 30 милиони народни пари, да се фрлат во ветер во компанија којашто има сомнителен капитал од истокот, а чијшто подизведувач главна и основна дејност му е производство на долен веш, навистина претставува премногу. Ви ветувам ќе дојде тој ден кога овие луѓе ќе даваат исказ пред јавен обвинител“,
потенцира Мицкоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно на прес конференции зборуваат за, како што велат, епскиот криминал на Владата.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Груби и Ковачевски треба веднаш да ја поништат постапката за избор на надзорот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10-д и таа да се повтори за државата и граѓаните да не бидат оштетени. Велат дека Јавното обвинителство не смее немо да го следи овој, како што велат, епски криминал на Владата на СДС и ДУИ и го повикаа веднаш да отвори постапка.