Дополнително, како што наведуваат владините извори, премиерот ќе побара и одложување на самитот за Западен Балкан кој треба да се одржи во среда и четврток
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од утринава се во Кочани по несреќата во дискотеката „Пулс“ во тој град, во која загинаа најмалку 50 лица.

Поради ваквите околности, од Владата информираат дека премиерот ќе го одложи патувањето за Подгорица, Црна Гора, каде што утре се одржува самитот на Европската народна партија (ЕПП).
Дополнително, како што наведуваат владините извори, премиерот ќе побара и одложување на самитот за Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан кој треба да се одржи в среда и четврток во Скопје.
За во 9 часот е најавена прес-конференција на министерот за внатрешни работи од пред полициската станица во Кочани.