Во своето обраќање на вечерашниот протест, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со забележливо засипнат глас, ги критикуваше премиерот, некогашното СЈО, судијката Кацарска…
На протестот зборуваше и син на еден од осудените за насилствата во парламентот на 27 април, кој ги обвини „осумтемина пратеници“ дека ја предале државата
Ќе ве стигне правдата, кога тогаш, бил јас жив или не, извика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, говорејќи на вечерашниот протест против неправда, реваншизам и политичко насилство.
Во своето обраќање пред присутните, со забележливо засипнат глас, Мицкоски ги критикуваше премиерот Зоран Заев, некогашното СЈО, судијката Кацарска…
За Заев рече дека се вози во „мерцедесот“ поради кој ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во затвор.

„Ќе го слушнете Зоран Заев, кој онака по малку надмено,штотуку
рече Мицкоски.
излезен од оној ‘мерцедесот’ за кој Горде денеска е во затвор, а дома синотсолзи рони, кој што го гази на патосниците на крвта на тие луѓе кои што го спечалиле, помалку надмено ќе каже немал што тој да ја коментира опозицијата. Ќе дојде тој ден кога ќе молиш да ја коментираш таа опозиција. Јас ти ветувам дека ќе дојде ден, дали со менели и без мене, жив на овој свет, ќе молиш пред овој народ.
Верувај ми ќе молиш“,
За СЈО рече дека оние од кои се очекувало да донесат правда, всушност направиле неправда, спомнувајќи го притоа случајот со надоместоците од извештајот на Државниот завод за ревизија. Според МИцкоски, СДСМ забранил тој случај да биде обелоденет пред изборите.
„Ќе поднесеме кривична пријава против обвинителите во СЈО. Ќе ги издржиме и ‘Чарлиевите ангели“, ама правдата кога-тогаш ќе дојде, бил јас жив или не“,
рече Мицкоски.
За судијката Добрила Кацарска, Мицкоски рече дека сега ќе биде уставен судија откако донела повеќе пресуди и одлуки во корист на власта.
„Врвот, круната на мафијашењето на оваа власт е тоа што реши
нагласи Мицкоски.
Кацарска да ја унапреди за завршената работа. Кацарска да ја направи уставен судија. Значи оваа што го гази законот сега трeба да го чува Уставот“,
Опозицискиот лидер побара од СДСМ да го прифати предлогот за избор на државен јавен обвинител.
„Нека прифатат јавен обвинител по предлог на опозицијата, затоа што ни треба Елиот а не космодиск обвинителство“,
рече Мицкоски.
Пред него говореше Тони Менкиновски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, кој оцени дека актуелната власт ќе одговара за велепредавство и геноцид врз својот народ.

„Талибанскиот режим која е на власт, предводен од СДСМ, сака да не убеди дека ќе добиеме датум за преговори со Европската Унија и дека ќе преговарале за правда и слобода, за поглавјата 24 и 23. Далеку сте вие господа од слобода и правда. Вшата правда е неправда за нас Македонците, зарем може вашата слобода да биде слобода со тоа што ги бришете знамињата на шахтите и не давате ние Македонците да се кажуваме како Македонци“,
рече Менкиновски.
На протестот зборуваше и Игор Ѓошевски, син на еден од осудените за насилствата во парламентот на 27 април 2017 година.

„Знам и свесен сум дека нашите блиски кои сега невини лежат робија, немаа доволно голема политичка тежина за да тргуваат за својата слобода. Токму затоа нивната вистина не беше интересна и потребна на власта. Ама затоа тие што ја имаа таа тежина, клучната и добропознатата ‘осумка ‘8-ка, е токму тие во Собранието си ја купија слободата, извршија предавство на сите нас, извршија предавство на Македонија, извршија предавство на сите жртви на политички прогон“,
рече Ѓошевски.