Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека министерката за образование треба да понесе одговорност бидејќи вчера ѝ овозможила на сопствената партија да ги спроведе изборите за претседател низ училиштата ширум државата.
Според него, Мила Царовска треба да поднесе оставка.
„Македонија, држава во која училиштата наместо за учење се користат за партиско гласање. Во нормална држава министерката не го чека следниот работен ден, си дава оставка веднаш!“,
пишува Мицкоски на својот профил на Твитер.