Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видео обраќање побара од граѓаните да купуваат македонски производи затоа што, како што вели, коронавирусот не го напаѓа само здравјето на граѓаните туку ја разорува и економијата.
„Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне. Се прашувате како? Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси“,
вели Мицкоски.