Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан дали ќе го пречека со фанфари Никола Груевски на аеродромот ако неговата партија победи на избори и формира влада, одговори дека ќе истражи и ќе обелодени кој му помогнал на Груевски да избега од државата. Мицкоски додаде дека во оваа држава има закони што мора да се почитуваат и оти секој што погрешил пред законот, без разлика дали е Груевски, Мицкоски или Заев, мора да одговара.

Мицкоски ги даде овие коментари во емисијата „Економски магазин“ што ќе се емитува вечерва во 22 часот на телевизијата „Алсат“.