Важно е кој било да е во оваа позиција, да биде максимално посветен на првично функционирање на системот, вели министерот
Министерството за здравство од редовите на Алтернатива, Беким Сали, во одговор на прашањето дали ќе ја отстапи функцијата за кадар на Алијанса на Албанците или неговата партија ќе излезе од владината коалиција, вели дека Министерството не е негово и сигурно дека некој ќе го наследи по него.
„Тоа се политички одлуки, сè уште нема конкретни разговори, нема преговори, сето ова е во делот на шпекулации што се повторуваат од септември наваму. Веќе петти месец се соочувам со прашањето дали ќе го отстапам Министерството. Не е мое. Јас сум го наследил од некој министер, сигурно ќе го наследи некој после мене. Важно е кој било да е во оваа позиција, да биде максимално посветен на првично функционирање на системот, а потоа и промоција, како што денеска промовираме убави вести за нова опрема што се дава на одредени јавни здравствени установи, што е во интерес на навремено дијагностицирање и пружање на здравствена заштита“,
изјави Сали.
Зборувајќи на тема за проширување на владиното мнозинство, премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека вратите се отворени доколку има политички партии кои ги делат истите вредности и програми.