Министерството за здравство предмалку соопшти дека има четири нови лица заразени со коронавирус.
„Информираме дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна“,
соопштија од Министерството.
Оттаму, исто така, информираат дека доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел.
„Патниците беа тестирани на коронавирус и се задржани во изолација до добивање на резултатите. Резултатите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација“,
наведуваат од Министерството за здравство.