На средбите во земјава, Жоли ќе разговара за билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Канада, сојузништвото во НАТО, македонското претседавање со ОБСЕ, како и други актуелни прашања во надворешната политика

Министерката за надворешни на Канада, Мелани Жили, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде што домаќин ќе ѝ биде министерот Бујар Османи, а ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
„Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавањето на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика“,
велат од МНР.
Жоли треба да пристигне денеска претпладне околу 9 часот, а по билатералната средба помеѓу двете делегации, предвидено е таа да одржи и прес-конференција со Османи.