Договорот, како што информира Министерството за одбрана, е во рамки на планот на модернизација и опремување на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери „ми-8МТ“ во период од 13 месеци
Договор за ремонт на хеликоптери меѓу Северна Македонија и Чешка кој е по принципот „влада со влада“ денеска беше потпишан од министерката за одбрана Славјанка Петровска и чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва.
Договорот, како што информира Министерството за одбрана, е во рамки на планот на модернизација и опремување на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери „ми-8МТ“ во период од 13 месеци.
Во објавата на МО дополнително се додава дека договорот има за цел да ја зголеми борбената готовност на Армијата на земјава, да ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Република Чешка, како и да ја унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците.