Граѓаните се уморни од неспособноста на СДСМ и ДУИ во владата, а Ковачевски како политичар и мандатар нема изборен легитимитет, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНE Антонијо Милошоски на денешната седница за избор на нова влада.
„Од живот за сите стигнавте до криза за сите, од едно општество за сите стигнавте до едно големо поскапување за сите. Наместо европска интеграција, донесовте опасна инфлација, од најдоброто за мојата општина, дојдовте до копање биткоини од Елвис и Габриел во централната општина во Македонија“,
рече Милошоски.
Милошоски зборуваше и за надворешната политика и рече дека Бујар Османи не е подобен да го води тој секторот и дека владата на СДСМ и ДУИ е таа која добивала датуми кои никој не ги видел, а со скандали го нарушила имиџот на Македонија пред меѓународната јавност.
„Тимот за надворешна политика е многу слаби и компромитиран. Според мене досегашната влада ќе остане запаметена како единствена влада која четири години нема амбасадор во Вашингтон. Сите зборуваме за стратешкиот партнер САД, но сега четири години нема амбасадор“,
потенцираше Милошоски.