“Колку се блиски Таравари и предложениот Фатмир Меџити, рече Милошоски, покажува и податокот дека во 2017 година Меџити станал претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. И во Фондот за здравствено осигурување тогаш беспрекорно функционирал тандемот Таравари–Меџити“, нагласи Милошоски
Со Фатмир Меџити министерството за здравство станува министерство за градежништво „Тафталиџе 2“, на поле на медицината тој е тотален анонимус и нема никакви стручни трудови, посочи на денешната собраниска седница за реконструкција на Владата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
„Јас денес ќе зборам повеќе за министерството за здравство. Министерството за здравство односно министерство за градежништво „Тафталиџе 2“, генерално така се отприлика распоредени кадрите во здравството. Предлог за здравство е докторот Фатмир Меџити, којшто, ако пробате да просурфате на интернет, ќе видите дека во медицинската фела е тотален анонимус, нема никакви стручни трудови, нема никакви научни трудови, нема никакви поголеми проекти коишто ги има направено во здравството. А, имал прилики бидејќи бил најдоверливиот советник на министерот за здравство во 2017 година на тогашниот министер, г. Таравари“,
истакна Милошоски.
Колку се блиски Таравари и предложениот Фатмир Меџити, рече Милошоски, покажува и податокот дека во 2017 година Меџити станал претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. И во Фондот за здравствено осигурување тогаш беспрекорно функционирал тандемот Таравари–Меџити, нагласи Милошоски.
„Дискусиите предничеле со фаворитите Фатмир Меџити и Ден Дончев и секогаш биле донесувани позитивни одлуки за повеќе пари во приватните клиники. А, тоа наведува на сомнеж дека ваквиот голем интерес за зголемување на средствата за приватните клиники веројатно е поврзан и со некоја добивка кај господата Ден Дончев и Фатмир Меџити“,
рече Милошоски.
Покрај Меџити, предложени за нови министри при оваа реконструкција на Владата се и: Кренар Лога (Алијанса) – за министер за правда; Азир Алиу (Алијанса) – за министер за информатичко општество и администрација; и Каја Шукова (СДСМ) – за министерка за животна средина и просторно планирање.
Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека седницата за избор на нови членови на Владата ќе продолжи и по 18 часот.