Храброста не треба да биде во описот на работното место на новинарот, а сепак премногу често е, вели претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола
Европскиот парламент денеска, по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, соопшти дека ја повторува својата „непоколеблива посветеност“ на тоа новинарите да ја вршат својата работа „безбедно, без закани, насилство и заплашување“.
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во изјава објавена на Икс вели дека храброста не треба да биде во описот на работното место на новинарот, а сепак премногу често е.
„Новинарството не е само работа, тоа е јавен сервис, столб на нашата демократија и затоа вашата работа е толку важна“,
рече Мецола.
Ensure freedom of speech.
— Roberta Metsola (@EP_President) May 3, 2026
Protect journalists.
Safeguard democracy.
This #WorldPressFreedomDay, @Europarl_EN reaffirms its unwavering commitment to making sure journalists can do their work safely.
Free from threats, violence, and intimidation. pic.twitter.com/VX8XCRPmJX
Таа додаде дека затоа Европскиот парламент секогаш ќе биде сојузник во одбраната на слободата на говорот и заштитата на оние што известуваат и кога известувањето е под закана.
„Тоа го покажавме преку европскиот Закон за слобода на медиумите и преку анти-SLAPP законите кои спречуваат злоупотреба на судски случаи наменети конкретно против новинарите“,
вели Мецола.
