Актуелниот градоначалник на Струга и кандидат на ДУИ, Рамиз Мерко, води во трката за градски татко во градот. Според 25,74% од пребројаните гласови, Мерко има 55,45% од гласовите, додека кандидатот на Алијансата за Албанците/Алтернатива, Идри Истрефи, засега има 40,74% од гласовите. Ова се податоци што ги објавува Државната изборна комисија.
Во апсолутни бројки, Мерко има 3 314 гласа, додека Истрефи има 2 435 гласа.