Германската канцеларка, во последното обраќање во парламентот рече дека не е доволно само американскиот претседател Џо Бајден да разговара со рускиот претседател, туку ЕУ мора да воспостави свој формат на разговори
Поради активностите на Русија во ЕУ, во источното соседство и на Западниот Балкан, ЕУ мора да најде соодветен одговор на предизвиците што ги создава Русија, изјави утрово германската канцеларка Ангела Меркел во своето последно обраќање до германскиот Бундестаг.
„Поради близината и одговорноста кон земјите во источното соседство и на Западниот Балкан, Европската Унија е должна да најде соодветен одговор на руските активности. Јас сметам дека мора да побараме директен контакт со Русија и рускиот претседател“,
рече Меркел.
Не е доволно само американскиот претседател Џо Бајден да разговара со рускиот претседател, смета Меркел.
„ЕУ мора да создаде свои формати за разговори бидејќи во спротивно нема да можеме да ги решиме постојните конфликти“,
рече Меркел.