Нашата владина делегација ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, а со него ќе бидат и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи
По вчерашната посета на Белград, во рамки на својата последна посета на регионот како канцеларка, Ангела Меркел денеска ќе биде во Тирана на средба со лидерите од земјите на Западен Балкан, со кои ќе има и билатерални средби.
Според најавите, канцеларката прво ќе има билатерална средба со албанскиот премиер Еди Рама, со кого ќе разговара за билатерални и економски прашања, како и за приближувањето на земјата кон Европска Унија (ЕУ).
Потоа ќе има заеднички ручек со премиерите на земјите од Западен Балкан, по што ќе следува и прес-конференција.
Пред да се врати во Берлин, таа ќе има билатерални средби и со шефовите на владите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Нашата владина делегација ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, а со него ќе бидат и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Делегацијата на БиХ ќе ја предводи претседавачот со Советот на министри, Зоран Тегелтија, а црногорската премиерот Здравко Кривокапиќ.