Перу почна да спроведува нови мерки за заштита од ширењето на коронавирусот, така што почна да го ограничува движењето според полова припадност.
Според оваа мерка, мажите можат да ги напуштат домовите во понеделник, среда и петок, а жените можат да го сторат тоа во вторник, четврток и сабота, додека во неделите не им е дозволено да ги напуштат домовите, објави Би-би-си.
Перу не е прва земја во светот со ваква мерка. Панама воведе слични рестрикции на почетокот од неделава.
Во Перу има 1 400 потврдени случаи на заразени со коронавирус и 55 смртни случаи.