Новата влада ќе положи свечена заклетва во сабота наутро, по што следната недела ќе се соочи со гласање за доверба во двата дома на италијанскиот парламентот
Лидерката на десничарската партија „Браќа на Италија“, Џорџа Мелони во петокот се согласи да го прифати мандатот и да ја формира следната влада на Италија, соопшти функционерот од италијанското претседателство Уго Кампети, јавија агенциите.

Мелони, која е шеф на десничарската партија Браќа на Италија, го предводеше сојузот на конзервативните партии до победата на изборите на 25 септември и ќе ја води најдесничарската влада во земјата од Втората светска војна, пренесува „Ројтерс“.
„Џорџа Мелони го прифати мандатот и го претстави својот список на министри“, им рече на новинарите претседателскиот функционер Уго Зампети, откако Мелони ги заврши консултациите со претседателот на државата Серџо Матарела во претседателската палата.
Новата влада ќе положи свечена заклетва во сабота наутро, по што следната недела ќе се соочи со гласање за доверба во двата дома на италијанскиот парламентот.
Мелони претходно во петокот, на консултацијата, му кажа на италијанскиот претседател Серџо Матарела дека е подготвена да биде премиер и дека може брзо да формира влада и покрај превирањата во нејзината десничарска коалиција.
Таа имаше средба и со претседателите на нејзините сојузници, Матео Салвини, лидер на екстремно десничарската Лига и Силвио Берлускони, основач на конзеревативната Напред Италија.
Новата влада се соочува со големи предизвици, вклучувајќи ја претстојната рецесија, зголемените цени на енергијата и војната во Украина.
Составувањето нова влада се покажа потешко отколку што се очекуваше бидејќи Берлускони (86) го поткопува авторитетот на Мелони. Поранешниот премиер оваа недела предизвика скандал со тоа што на своите пратеници им кажа дека смета дека Украина е виновна за војната со Русија. Тој откри и дека добил роденденски подарок од Путин.
Мелони тогаш изјави дека нејзината влада ќе биде одлучувачка за НАТО и ЕУ.