Ремзи Мехмеди од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива во предизборно соочување на „360 Степени“ со претставниците на четирите најголеми политички блока даде оценка за состојбата во правосудство и борбата против корупцијата и криминалот.

„Држава е посериозен назив од тоа да се третира правдата и обвинителството како несериозно и истото да се користи за политички пазар. Ако може да се истакне една дамка од последното владеење е скандалот со СЈО бидејќи таму се виде дека и таа мала надеж еве се формира обвинителство кое ќе ги расветли сите криминали и корупции што избија на површина како последица од „бомбите“ кои ги слушавме и вредеа како доказ до тогаш, и ова обвинителство го претрпе најголемиот скандал, со што ја уби надежта за правда во земјава, со што не оддалечува уште повеќе од интеграцијата во ЕУ. Сигурно дека со новиот закон кој беше донесен, предметите ќе ги третира Судот за тежок криминал и ние ќе охрабриме и поддржуваме да се расветлат сите случаи до крај, но предлагаме тоа да се случи во тесна соработка со меѓународниот фактор, со набљудување и влијание за процесот за еднаш- засекогаш да имаме правда бидејќи тоа влијае доста на недовербата на граѓаните кон институциите и како последица ни се случуваат масовните иселување од С. Македонија, каде имаме потоа повеќедимензионални последици во развојот на државата. За жал, тука исклучоците станале правила и толку многу е влошен системот и водењето политика, што и високи претставници на политичките партии се гордееле што поставиле судии или обвинители во правниот систем од партиските штабови. Како последица на тоа верувам дека поголемиот број на Албанците и општо граѓаните не може да им веруваат на изјавите на политичките субјекти кои скоро сите се инволвирани, кој повеќе кој помалку, во заробувањето на правниот систем и за пазарења со лица кои требале да се грижат за редот во ова општество. Се согласувам со делот дека навистина треба да се води истрага и да се знае кој прислушуваше, кој ги објави и за истото, како одговор, одговорни се токму овие кои сега прашуваат, затоа што тие биле дел од тој систем“,
вели Мехмеди.