Најбогатиот човек во светот Илон Маск вчера на Твитер сугерираше дека има решение за постигнување примирје меѓу Украина и Русија
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се огласи на Телеграм каде што на шега го коментираше ставот на американскиот мултимилијардер Илон Маск за решавање на конфликтот во Украина.
Во својата објава Медведев на шега предложи на Маск да му се даде „нов офицерски чин“ и рече дека е „срамота што агентот во сенка се разоткри“.
„Честитки за Маск! Тој заслужува нов офицерски чин и тоа вонредно. Штета е што агентот во сенка се разоткри. Неговиот следен твит веројатно ќе биде нешто за Украина како вештачки создадена земја“,
напиша Медведев во објава со шеговит емотикон.
Најбогатиот човек во светот Илон Маск вчера на Твитер сугерираше дека има решение за постигнување примирје меѓу Украина и Русија. Тој објави и анкета во која ги прашува своите следбеници дали се согласуваат со него давајќи им опција да гласаат со „да“ или „не“ на неговиот предлог.
„Украинско-руски мир:
– Да се повторат изборите на припоените региони под надзор на ОН. Русија ќе си замине ако тоа е волјата на народот.
– Крим формално е дел од Русија, како што беше од 1783 година (до грешката на Хрушчов).
– Обезбедено водоснабдување на Крим.
– Украина останува неутрална“,
напиша Маск.