Неправилното користење на медицинската заштитна опрема и непочитувањето на протоколите за работа се причини зошто дел од здравствените работници се инфицирале со ковид-19, смета епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Жарко Караџовски.
„Бидејќи патувам изминатиов месец низ целата држава, лично се уверив дека на некои места има непочитување на протоколите за правилно користење на заштитната опрема, бидејќи лицата кои ја носат таа опрема прават пауза за цигара па ја користат истата заштитна опрема при работа со пациенти или несоодветно ја вадат. За таа цел цел имаше и едукација на здравствените работници, а тоа можат да го научат и онлајн“,
рече Караџовски.
Дополнително, вели Караџовски, ризикот го зголемува е дружењето меѓу медицинските лица во време кога не работат со пациенти. Сепак, вели дека дел од нив можеби се заразиле и во домашни услови.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, досега има 117 здравствени работници кај кои е потврден вирусот.
Само денеска во кумановската болница беа регистрирани 6 позитивни случаи, со што вкупниот број достигна 40 медицински лица кои имаат ковид-19.
Поврзана вест:
Ковид-19: Шестмина од новозаболените во Куманово се медицински лица
Нови 68 случаи на ковид-19 во Македонија, најмногу во Куманово
Повеќе од половина од здравствените работници заболени со коронавирус се заразиле на работа