Смрт кај лицето констатирала екипа на Итната медицинска помош, а телото е предадено на обдукција
Седумдесет и двегодишен маж бил пронајден мртов во својот дом во скопското село Кучевиште, информира попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според полицијата, станува збор за лице со иницијали Б. С., а случајот бил пријавен денеска рано наутро во 2:24 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.
Смрт кај лицето констатирала екипа на Итната медицинска помош, а телото е предадено на обдукција.