МВР информира дека се работи за 68-годишник кој, движејќи се пеш, паднал во необележаната шахта и починал
Маж на возраст од 68 години почина по пад во необележана ископана шахта за одвод во село Катланово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Случајот бил пријавен вчера околу 10 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
„На 21.04.2023 околу 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Катланово имало паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пеш, А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал“,
се наведува во соопштението на МВР.
Смртта на 68-годишникот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.