Еден смртен случај на заболен од ковид-19 регистрираше Министерството за здравство до денешниот извештај.
Станува збор за пациент од Струшко, на возраст од 50 години, кој бил хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна, заради влошување на состојбата, бил поставен на механичка вентилација.
Со денешниот, вкупниот број смртни случаи во земјава изнесува 46.
Кога станува збор за излечени, пак, денеска оваа бројка изнесува 23 пациенти. Петмина од нив се испишани од Инфективната клиника, а 18 се пациенти кои се лекувале во домашни услови. Кај сите двата контролни теста биле негативни.
Во вкупниот биланс, пак, бројот на излечени пациенти со денешните е 121.
Денеска земјава забележа и најголем број на регистрирани новозаразени лица со ковид-19. Во последното деноноќие дијагностицирани се 107 нови случаи со кои вкупната бројка изнесува 1 081.
Детално по градови, состојбата можете да ја погледнете ТУКА.
