Руското Министерство за одбрана во својот извештај не го прецизираше вкупниот број беспилотни летала лансирани од Украинците ниту штетата што можеби ја предизвикале

Противракетни системи соборија 91 украинско беспилотно летало синоќа, од кои 40 беа над Курската Област, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Ноќта помеѓу 28 и 29 април, дежурните противвоздушни сили уништија 40 украински беспилотни летала од типот авиони. Беспилотни летала беа соборени во осум руски региони: 11 над Рјазанската област, 8 над Нижниновгородската област, 7 над Орјолската област, 4 над Крим и Црното Море, 2 над Московските и Белгородските области, 1 над Калушките и Брјанските области. Вкупно, од 20:00 часот на 28 април до 6:00 часот на 29 април по московско време, системите за противвоздушна одбрана соборија 91 украински дрон од типот авиони, од кои 40 беа над Курската Област“,
соопшти руското министерство.
Руското Министерство за одбрана во својот извештај не го прецизираше вкупниот број беспилотни летала лансирани од Украинците, ниту штетата што можеби ја предизвикале.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека московските трупи ги протерале украинските сили од Курската Област пред повеќе од осум месеци.