Во писмото до компанијата, Маск вели дека тие „јасно ги прекршуваат“ обврските кон него и предупредил дека го задржува правото да го откаже купопродажниот договор
Милијардерот Илон Маск се закани дека ќе се откаже од договорот за купување на Твитер за 44 милијарди долари доколку социјалната мрежа одбие да му достави податоци за спам и лажни профили.
Во писмото до компанијата, Маск вели дека тие „јасно ги прекршуваат“ обврските кон него и предупредил дека го задржува правото да го откаже купопродажниот договор.
Ова е првпат Маск писмено да се заканува дека ќе се откаже – досега само објавуваше твитови за тоа.
Твитер претходно не им придаваше значење на предупредувањата на Маск дека договорот е „на чекање“, тврдејќи дека информациите што ги бара ќе му помогнат да управува со Твитер, а не за анализа како што тој тврди.
Маск во март изјави дека „привремено ќе го замрзне“ договорот додека чека социјалната мрежа да му достави податоци за бројот на лажни профили.
„Маск смета дека Твитер отворено одбива да ги исполни обврските од договорот, што предизвикува сомнеж дека компанијата ги крие бараните податоци“,
се вели во писмото.
Основачот на „Тесла“ ја доведе во прашање точноста на податоците што ги дава Твитер за спам-профилите, според кои тие сочинуваат помалку од пет проценти од базата на корисници. Маск тврди дека вистинската бројка е околу 20 проценти.
Тој тврди дека податоците му се потребни за да направи сопствена анализа на корисниците на Твитер и дека не верува во методологијата на таа компанија.
„Маск очигледно има право на бараната информација, која ќе му овозможи да се подготви за трансфер на бизнисот во негова сопственост“,
изјавија неговите адвокати.
Акциите на компанијата паднаа за 5,5 отсто рано утрово и вредат 37,95 долари.
Акциите на компанијата паднаа за 5,5 отсто рано во понеделникот и вредат 37,95 долари.