Компанијата „Неуралинк“ создава мозочни чипови кои се дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да ги вратат моторните функции. Тие се наменети и за лекување мозочни болести како Паркинсонова, Алцхајмерова болест и деменција
Американскиот милијардер Илон Маск најави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип, кој е развиен од неговата компанија „Неуралинк“, да започнат кај луѓе за половина година, откако ќе истечат претходно поставените рокови.
Компанијата „Неуралинк“ создава мозочни чипови кои се дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да ги вратат моторните функции. Тие се наменети и за лекување на мозочни болести како Паркинсонова, Алцхајмерова болест и деменција.
Патем, невротехнолошката компанија во јануари објави конкурс за персонал кој ќе спроведе клинички испитувања на мозочниот чип на луѓе, уште тогаш верувајќи дека ќе добие одобрение од регулаторната агенција.
Додека чекаше одобрение за човечки тестови, компанијата спроведе голем број експерименти врз животни во последниве години.
„Зеленото светло“ за тестирање на луѓе е издадено од американската Администрација за храна и лекови (ФДА), пренесува Ројтерс.
За време на говорот во седиштето на „Неуралинк“ за време на тричасовната презентација, Маск изјави дека намерата била „да се биде исклучително внимателен и да се осигура дека сè ќе функционира добро пред уредот да се вметне во човечкото тело“.
„Мислам дека го доставивме најголемиот дел од нашата документација до ФДА и веројатно за околу шест месеци треба да добиеме дозвола да го тестираме чипот врз луѓе“,
рече Маск за време на презентацијата.