Мајка на бебето е 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје
Точно на полноќ се роди првото бебе во Скопје. Бебето е машко, тежи 3 760 грама и е долго 52 сантиметри, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.
Бебето, кое на свет дојде на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, е родено по природен пат со АПГАР 10/10. Породувањето е извршено од дежурната екипа на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).
Мајка на бебето е 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.
Од Клиниката на новороденчето му посакаа добро здравје и среќно детство.
Во првите 15 минути од Новата година на ГАК родени се три бебиња.
За претпладне, на Клиниката за гинекологија и на првото родено бебе, е најавена посета на министрите за здравство и за труд и социјална политика, Фатмир Меџити и Јованка Тренчевска.