Инфектологот смета дека новите вакцини имаат предност што може да се произведат во поголеми количини, но вели дека носат и одредени ризици
Пред вакцинирање против ковид-19 ќе мора да се прават серолошки тестови за да се види дали има присуство на антитела. Ако лицето има прележано ковид-19, не треба да се вакцинира, бидејќи може да има несакани ефекти, вели инфектологот Вело Марковски во интервју за ТВ Алфа.
„Многу е важно државата да набави бесплатни тестови, серолошки тестови, и тие луѓе што прележале не треба да примат вакцина. Имаме нови вакцини кај кои системот на создавање на антитела е малку покомплициран, односно презентација на антигенот на површината на клетката. Во случај кога би имале многу антитела, би дошло до бурна реакција и веројатно би се активирал целиот имунолошки систем и голем број од овие сопствени клетки кои би презентирале вакви антигени на својата површина би биле уништени. Поради тоа, оние што имаат високо ниво на антитела би можеле да имаат сериозни проблеми по здравјето и затоа мојот став е дека мора претходно да се тестира“,
вели Марковски.
Според Марковски најдобри би биле вакцините направени на класичен начин, како кинеската вакцина.
„Класичните вакцини, кои не се стари методи на добивање вакцини, но се со растење на вирусот на култури на клетки или на пилешки ембриони и потоа двоење на тој ‘шилец’ од вирусот, тој систем јас би го препорачал. Класичните вакцини го вадат само површинскиот антиген и тој е способен да создава антитела и со одредена техника се внесува таа вакцина и тие антигени имунолошкиот систем ги препознава и создава антитела и тие траат различно долго. Од вакцините ќе видиме колку ќе трае имунитетот. Тој е тој класичен систем кој досега ни е познат, не создава забуни. Тие вакцини за мене се во ред“,
вели Марковски, но потенцира дека во секоја случај мора да се провери присуството на антитела.
Новите вакцини со свои предности, но и со проблеми
Тој смета дека новите вакцини имаат предност што може да се произведат во поголеми количини, но вели дека носат и одредени ризици.
„Новите вакцини се од два типа – РНК и ДНК вакцини. Кај нив, истата секвенца што ја зборуваме се вметнува во аденовирус кој треба да биде транспортер до јадрото на целни клетки и ова јадро да почне да ја произведува оваа секвенца за таа да дојде на површина на клетката. На некој начин, да ја излажеме клетката и имунолошкиот систем на сопствената клетка да го препознае овој надворешен антиген и да почне да создава антитела. Тука сега има многу проблеми, дали ќе оди токму во целните клетки, дали нема да оди во мозокот, бидејќи мускулно ќе се даде и со циркулација може да отиде секаде, дали организмот има антитела против аденовирусот, па ќе го уништи аденовирусот… Значи има многу проблеми кои не се испитани и ќе видиме можеби ќе биде успешно, но мислам дека ќе имаме проблем со тие вакцини. Другите се РНА вакцини, тие не одат на јадрото и нема можни генетски модификации, тие ја синтетизираат таа РНА секвенца од коронавирусот и тука има проблем кој ќе биде носач, таму избор се липидни честички, фактички полиетилен гликол, тоа е супстанција која се користи и во фармацијата и во прехранбената индустрија и според некои студии 70-ина отсто од алергиите се на таа супстанција. И секој што е алергичен ќе има проблем со овие вакцини. Тука ќе има проблеми бидејќи треба да видиме дали овие носачи ќе одат на друго место, во некој витален орган, колку вакви честички ќе влезат во една клетка и според мене е важно кога природната РНА која се создава во јадрото, јадрото лачи уште две ензима кои ја уништуваат таа информатичка РНА, бидејќи во спротивно неограничено ќе се произведуваат од еден протеин. Сега по вештачки пат не знам како ќе го прекинат дејствувањето на овој месинџер и постои опасност долго време одредена клетка да ги исфрла овие ‘шилци’, што исто така може да биде проблем. Овие вакцини се нови и мислам дека треба да се почека да се довршат студиите да се видат резултатите. Класичниот тип мислам дека веќе стигна. Предноста на новите вакцини, пак, е дека може да се произведат голем број количини“,
вели Марковски.