Овој случај како што пишуваат странските медиуми, може да доведе до тоа да и биде забрането да се кандидира на претседателските избори во 2027 година
Француската политичарка и претседателка на партијата Национален собир, Марин Ле Пен е прогласена за виновна во случајот за проневера на пари од европски фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија, пренесува Би-би-си.

Заедно со неа, судот во Париз денеска ги прогласи за виносвни и уште осум пратеници од нејзината партија.
Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на 474 илјади евра поради фиктивно вработување на четворица партиски помошници.
Овој случај како што пишуваат странските медиуми, може да доведе до тоа да и биде забрането да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.
Ле Пен заедно со уште 24 други функционери од нејзината партија се обвинети дека пренасочиле повеќе од три милиони евра од средствата на Европскиот парламент за да ги платат ангажираните асистенти кои работеле во партијата во период од 2004 до 2016 година.
Обвинетите тврдеа дека парите биле користени легално.
Обвинителството бараше петгодишна затворска казна за неа, од кои две години затвор, а три години условна казна, кои можат да се пренаменат во општокорисна работа, како и парична казна од 300 илјадие евра.
Побарано е и во случај на осуда, веднаш да и се забрани пет години да извршува јавна функција.
Таа досега трипати се кандидираше за претседателка на државата, а најави дека 2027 година ќе биде нејзината последна кандидатура за највисоката функција.