Изминатиот период во јавноста од лица блиски на загинатите момчиња излегоа информации дека на 20 октомври годинава Основниот суд во Охрид ја донел пресудата за условна казна и парична глоба за две усмртени и три повредени лица, иако, како што нагласуваат тие, лицето што ја предизвикало несреќата возело со брзина двојно поголема од дозволената
Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува праведна одлука на повисоките судови, во врска со случајот во кој Основниот суд во Охрид донел пресуда со која возачот кој предизвикал сообраќајка лани во август на патот Охрид-Пештани во која загинаа две лица, а три беа тешко повредени, добил само условна затворска казна од четири години и глоба од околу 3 000 евра.
„Како министер за правда, но, пред се како човек и родител не можам да бидам рамнодушен по одлуката на судот, кој пресуди условна казна за сообраќајката во Охрид во која две момчиња починаа, а три девојки беа тешко повредени. Очекувам праведна одлука на повисоките судови, а Судскиот совет будно да го следи целиот случај“,
напиша министерот за правда на својот фејсбук-профил.
Изминатиот период во јавноста од лица блиски на загинатите момчиња излегоа информации дека на 20 октомври годинава Основниот суд во Охрид ја донел пресудата за условна казна и парична глоба иако, како што нагласуваат тие, лицето што ја предизвикало несреќата возело со брзина двојно поголема од дозволената.
Тоа педизвика бројни реакции на јавноста.