Законот за јавно обвинителство за кој се кршат копја во собранието, според Маричиќ не е пресуден за почеток на преговори, но е важен за, како што вели, државата да покаже заложба за зајакнување на правната држава и владеење на правото.
Условите за преговори се исполнети, а сега останува на одговорноста на ЕУ да донесе одлука, вели во неделното интервју за РСЕ, Бојан Маричиќ, националниот координатор за европски прашања во Владата. Не сака да прогнозира со конкретни датуми, бидејќи како што вели, во минатото тоа не функционираше. Сепак, убеден е дека државата си ја завршила нејзината домашна задача, а оптимист е и за новата методологија за пристапување кон ЕУ.
„Очекувам овој процес да ја одблокира сегашната ситуација, којашто е неиздржлива за сите и за државите кандидатки и за државите членки и за европските институции, а како ќе тече во пракса и каков живот ќе и се даде на оваа методологија зависи од актерите, како и за сите досегашни циклуси на преговори за членство. Ако ја држиме Европската унија за збор, во заклучоците од октомврискиот совет пишува дека до Самиот во мај ќе се навратат на ова прашање. Единствена шанса од Самитот во мај е Советот во март, така што останува на нив и на нивната одговорност да донесат одлука.“
– вели Маричиќ.
Законот за јавно обвинителство за кој се кршат копја во собранието, според Маричиќ не е пресуден за почеток на преговори, но е важен за, како што вели, државата да покаже заложба за зајакнување на правната држава и владеење на правото.
„Не верувам дека зависи одлуката од овој закон, но ќе биде одлична вест и одличен сигнал дека Република Северна Македонија може и во ваков предизборен период да носи тешки одлуки доколку се работи за иднината на државата во ЕУ.“
– вели Маричиќ.
Целото интервју може да го погледнете тука.