Новите построги мерки воведени од италијанските власти заради спречување на натамошно ширење на коронавирусот опфаќаат околу 16 милиони жители, што е една четвртина од 60-милионската држава. Од мапата подолу се гледа дека територијално станува збор за помал дел од државата, со оглед на тоа што северот е најгусто населен и економски најразвиен.

Италијанските власти попладнето ги соопштија новите податоци за ширењето на вирусот и последиците од него, според кои, во претходните 24 часа има 133-ца новопочинати или вкупно 366 досега. Во табелата подолу се официјалните податоци од италијанските здравствени власти за бројот на заразени и починати по региони:

На мапата подолу, пак, се претставени државите во кои има регистрирани случаи на коронавирус. Oсвен во Кина, во уште три држави има повеќе од илјада заразени: Италија, Јужна Кореја и Иран. Со новозаразените од петокот наваму се чини дека Италија ја престигна Јужна Кореја и сега е втора земја во светот според бројот на болни од коронавирус – со повеќе од 7300 регистрирани случаи.

*поврзана вест Италија објави нови податоци: Нови 1300 заразени и 133 починати во последните 24 часа
*поврзана вест (ГАЛЕРИЈА) Пусти улици на северот на Италија по карантинот за 16 милиони граѓани