Директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Марко Мантованели, во видеообраќањетото на прес-конференцијата посветена на новините во владините антикризни мерки за компаниите погодени од пандемијата рече дека од почетокот на кризата се во блиска соработка со Владата за да обезбедат најдобар совет за тоа како да се заштити приватниот сектор и истовремено да се задржи вработеноста во овие времиња без преседан.
Тој рече дека сите совети се врз основа на нивните технички анализи, искуствата од претходните големи кризи, но исто така и мислењата собрани преку консултации со приватниот сектор вклучително и во Северна Македонија.
„Задоволен сум што повеќето од препораките што ги дадовме се вклучени во главната рамка усвоена од страна на Владата и неколку се дел од уредбата која денес е претставена. За да ги поддржиме нашите препораки за време на имплементацијата, понудивме мобилизација од неалоцирани средства од проекти на Светската банка кои се веќе одобрени за финансирање на мерката на Владата за субвенција на платите за неколку месеци со тоа што тие треба да се насочат кон поддршка за добростоечките макро, мали и средни претпријатија врз основа на лесно применливи критериуми. Таргетирањето го правиме бидејќи веруваме дека тие претпријатија ќе бидат јадрото на економското закрепнување на земјата. Сметаме дека треба да постои одредена флексибилност за одлуката поврзана со оптималното ниво на вработеност, откако состојбата ќе се нормализира. Мислиме дека овие мерки кои можат да им помогнат на добросторечките приватни компании да ја поминат кризата и да задржат задоволително ниво на вработени“,
порача Мантованели во обраќањето.
Светската банка со заем од 50 милиони евра е дел од антикризната мерка на Владата за субвенционирање на 14 500 денари минимална плата за компаниите кои се погодени до пандемијата.
*Поврзани вести
Со 3 новини се олеснуваат критериумите за финансиска поддршка за фирмите погодени од пандемијата
Директорката на УЈП објасни како фирмите може да аплицираат за минимална плата за работниците