И двајцата се во добра општа состојба
По интензивна потрага, петнаесетгодишната Дуња Нециќ од Нови Сад, за која во Србија беше активиран системот „Пронајди ме“, синоќа е пронајдена жива и здрава.
Припадници на српската полиција го лоцирале исчезнатото девојче вчера околу 20:40 часот, во возот на релација Белград-Петроварадин, заедно со тинејџерот Даниел (15), со кого исчезна.
И двајцата се во добра општа состојба и понатамошната полициска работа е во тек.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека со брза и ефикасна реакција на полицијата успешно е завршена потрагата, а клучно било навременото известување на јавноста.
„Благодарение на навременото известување на граѓаните и добрата координација на полициските служби, девојчето беше пронајден во возот меѓу Белград и Петроварадин. Особено е важно што и таа и малолетникот што беше со неа беа пронајдени во добра општа состојба“,
рече Дачиќ.
Тој додаде дека системот за итно известување на јавноста „Пронајди ме“ уште еднаш ја покажал својата важност и ефикасност.
Српските граѓани преку СМС порака добиле известување за изчезнување на петнаесетгодишната Дуња Нециќ, со нејзин опис.

