Малолетно лице украло револвер од музејот во Битола, а случајот неколку дена подоцна бил пријавен и во полиција.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, М.С (49) од Битола вчра околу пладне пријавила дека на 8 мај околу 18 часот малолетник влегол во просториите на музејот во Битола и од музејска поставка во посебна просторија одзел револвер, непозната марка.
Подоцна, полицијата го пронашла украдениот предмет кај друго лице.
„По преземени мерки, револверот е пронајден, одземен од Б.Ј.(37) од Битола и вратен на пријавителот. По документирање на случајот ќе следува поднесок“,
велат од МВР.