Шеснаесетгодишно момче синоќа било прободено со нож во парк во скопската населба Чаир.
Според записникот на МВР, момчето пријавило дека било прободено со нож по претходна расправија со две лица во близина на фонтаната во паркот.
По инцидентот, било донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
„На 7.7.2020 во 22:26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ бил донесен повреден 16-годишник од Скопје, кој, според пријавеното, околу 22:10 часот на фонтана во парк во населба Чаир, по претходна расправија со две лица, од едното од нив бил прободен со нож. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
се вели во полицискиот билтен.