Во несреќата се повредени 18-годишник со иницијали С.И. и 17-годишна девојка
Седумнаесетгодишник од Косово синоќа околу 22 часот удрил во двајца пешаци во Скопје додека управувал со автомобил марка „ауди“ со скопски регистарски ознаки.
Сообраќајката се случила на крстосницата од улица „Дринска“ и улица „Галичица“ во Скопје.

Во несреќата се повредени 18-годишник со иницијали С.И. и 17-годишна девојка.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“,
информираат од МВР.
Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.