Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди „расизмот и дискриминацијата“, опишувајќи ги како „болест која го погодува целото општество“, јави дописникот на МИА.
Позицијата на Емануел Макрон по ова прашање беше барана од опозицијата, по смртта во САД на Џорџ Флојд, која во Франција го оживеа спорот за околностите на смртта на Адама Траоре од 2016 година, како и обвиненијата за насилство и расизам против полицијата.
Емануел Макрон на денешниот министерски совет во Елисејската палата порача дека „расизмот е предавство на републиканскиот универзализам“, рече портпаролот на влада, Сибет Ндијае.
Францускиот претседател повика да нема попуштање по ова прашање и да се засили акцијата против расизмот .