Денешниот состанок следува по вчерашните разговори на претставници на САД и Русија во Саудиска Арабија за руско-украинскиот конфликт, без украински претставници
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на вториот по ред вонреден самит посветен на Украина и европската безбедност. За разлика од состанокот во понеделникот, овој пат се поканети и Канада и другите европски земји што не присуствуваа на собирот од пред два дена.

На состанокот во Париз се очекува да бидат присутни претставници и на Норвешка, Естонија, Летонија, Литванија, Чешка, Грција, Финска, Романија, Шведска и Белгија.
По средбата во понеделникот, европските лидери испратија порака дека Киев не смее да биде изоставен од мировните преговори за ставање крај на војната и дека САД треба да бидат гарант на трајниот мир во земјата.
Францускиот претседател телефонски го информираше својот украински колега за заклучоците од состанокот.
Денешниот втор по ред итен состанок за Украина следува по вчерашните разговори на претставници на САД и Русија во Саудиска Арабија за руско-украинскиот конфликт, без украински претставници.