Од „Макпетрол“ објаснуваат дека како резултат на долгогодишната професионална соработка со „Газпром“, а воедно „Макпетрол“ е и единствената компанија што од земјава потпишува и остварува вакви договори, постигната е спогодба за цена која е за 30 проценти пониска од берзанската
„Макпетрол“ во февруари ќе ги намали цените на метанот (КПГ – компримиран природен гас) и на природниот гас како резултат на договорот што компанијата го постигна со „Газпром“, информираат од компанијата.
Споредено со јануари, како што велат, малопродажната цена на метанот е пониска за 12,74 отсто, односно 14 денари за килограм и сега изнесува 96 денари за килограм. За 1 000 нормални кубни метри, пак, цената за природниот гас се намалува за 204 евра.
Од „Макпетрол“ објаснуваат дека како резултат на долгогодишната професионална соработка со „Газпром“, а воедно „Макпетрол“ е и единствената компанија што од земјава потпишува и остварува вакви договори, постигната е спогодба за цена која е за 30 проценти пониска од берзанската.